Одбележан меѓународниот ден на Хронична миелоична леукемија

Меѓународен ден на ХМЛ

Денеска се одбележува денот на хроничната миелодина леукемија која претставува малигно заболување на белите крвни зрнца, кое се карактеризира со неконтролирано создавање на гранулоцити со нормална градба на истите. Во Македонија има околу 120 лица заболени од оваа болест.

 

По повод 22 Септември - Меѓународниот ден на заболените од хронична миелоична леукемија, Здружението на ХМЛ во Македонија побара обезбедување второлиниска терапија за заболените од оваа болест и побараа лековите да бидат ставени на позитивна листа. На денешната прес-конференција претседателот на Здружението на ХМЛ во Македонија Пепо Леви нагласи дека во Република Македонија има околу 120 заболени од ХМЛ. И статистички и во пракса, околу 30% од заболените од ХМЛ во Македонија се без соодветна терапија, а токму на овие лица им е потребна второлиниската терапија, која е многу скапа и се надеваат на повторна поддршка како во 2011 кога на позитивната листа бил ставен лекот Гливек.


Професорката Ирина Пановска од Клиниката за хематологија истакна дека од 20 заболени пациенти, 15 се на хематолошка ремисија, а 5 не се и тие примаат донации од второлиниската терапија.


Меѓународниот ден на заболените од ХМЛ денеска го одбележуваат преку 109 пациентски организации од доменот на заштита на пациентите заболени од ХМЛ во 82 држави во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.