Меморандум за соработка помеѓу СОНК и синдикатот за образование на Албанија

Потпишан меморандум за соработка

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикатот за образование на Албанија со кој ја официјализираа соработката што ја имаат една деценија. Меморандумот го потпишаа претседателите на синдикатите, Јаким Неделков и Неврус Каптели, кои посочија дека размената на искуства и комуникација ќе го подигне квалитетот на соработката што ќе ги унапреди правата и ќе ги подобри условите за работа на наставниците во двете земји.

 

Во двете земји меморандумот ќе значи многу за членовите на синдикатите, затоа што проблемите во образованието се слични и во Македонија и во Албанија.
Претседателот на синдикатот од Албанија Истакна дека ќе се организираат едукативни тренинзи за позасилена соработка.


Претседателот на СОНК Јаким Неделков, рече дека покрај платите и други социјални придобивки што следуваат по основ на колективен договор, позначаен и поголем проблем, кој е присутен во целиот регион, е сигурноста на работното место.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.