За викендот сончево со свежи утра

Временска прогноза

Во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6. Утринската температура ќе се движи од еден до 10 степени, а дневната од 19 до 27 степени.

 

Во Скопје слично време со слаб до умерен северозападен ветер и температура од пет до 24 степени.

 

За викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови. Во вторник и среда врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.