Во Охрид 10. советување на Здружението на инженери МАКО СИГРЕ

Охрид

Актуелни теми поврзани со електроенергетскиот систем, како и размена на знаење и искуства помеѓу академската заедница, индустријата и сите чинители од овој сектор, се во фокусот на 10.Советување на Здружението на инженери МАКО СИГРЕ, што ќе се одржи од денеска до 26 во Охрид.

 

Програмата ќе опфаќа сесии на студиските комитети, технички презентации и предавања од истакнати инженери и научници.

 

Пријавени се над 300 учесници и е најавена презентација на 108 стручни и научни трудови од областа на електроенергетиката. Ќе бидат присутни инженери од електроенергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, како и претставници од водечки домашни и светски компании од индустријата.

 

Советувањето почнува со панел сесија посветена на мрежното и пазарното поврзување на земјите од Југоисточна Европа.

 

Предвидено е и потпишување договор за соработка меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје и КОНЧАР – Инженеринг за енергетика и транспорт (КЕТ) од Загреб. Соработката опфаќа и реализација на научно-истражувачки и развојни проекти, размена на знаења и донација на опрема.

 

Советувањето ќе го отвори министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски, кој е претседател на Почесниот одбор на МАКО СИГРЕ.

 

МАКО СИГРЕ е основано во 1994 година. Ги обединува сите значајни чинители од електроенергетскиот сектор: инженери од електроенергетски компании, од универзитетите и од институциите.


Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.