17 млади од ранливи категории се вработени преку менторство и креирано советување

Коалиција СЕГА

Се одржа завршната конференција на проектот: Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста "Отворена врата - за младите од младите".

 

Како што информираше Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата СЕГА и раководител на проектот, овој проект имаше за цел да се олесни социјалното вклучување на ранливите групина млади луѓе преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд и подобрување на нивната вработливост преку градење на нивните вештини да се вклучат на пазарот на труд како и нивната интеграција во општеството. Преку овој проект, со помош на менторство и креирано советување Илиески додаде дека, 17 млади лица од социјално ранливи категории за првпат се вработиле.


Најголем дел од нив се вработени во текстилната индустрија, индустријата за мебел, како и во трговијата како продавачи во прехранбениот сектор.


Обуката ја спроведувале 20 обучувачи, дел од центрите за социјална работа и граѓанскиот сектор кои директно работеле со младите лица. Мариче Тренеска есоцијален работник од Младинскиот информатицен центар, и е еден од обучувачите, таа истакна дека тешко е да се работи со оваа категорија млади лица, тие се затворен тип и немаат самодоверба да излезат на пазарот на трудот.


Тренеска додаде дека се работело и на утврдување на квалитетите и афинитетите што лицата ги поседуваат надвор од нивното образование.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.