Сончево, попладне на места со зголемена облачност

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне на места и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 17 до 24 степени.


Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од североисточен правец.


Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 22 степена.


Продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во покачување. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кога дневната температура благо ќе опадне, но потоа повторно ќе биде во пораст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.