Честитка од министерката Радмила Шекеринска по повод 11 Октомври - Денот на народното востание

Радмила Шекеринска

Честитка до граѓаните, припадниците на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството за одбрана, упати и Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по повод Денот на народното востание.

 

- Македонија во својата историја многу пати се бореше и се избори за слободата и демократијата. Многу пати бевме на крстосница – дали ќе отидеме во бездна и ќе го изгубиме сето она што сме го создавале со генерации. Но, во сите тие тешки моменти, моменти на неизвесност и ризик, сите заедно, сплотени, без оглед на нашата етничка и верска припадност, успеавме, не само да ја зацврстиме слободата, демократијата, еднаквоста, туку и да ја однесеме на едно повисоко ниво, се посочува во честитката.

 

Ние и денес, се додава во честитката, со нашето учество во мировните мисии, покажуваме дека ги споделуваме сите вредности и идеали на демократскиот свет и активно учествуваме во напорите на меѓународната заедница за воспоставување на демократијата на глобално ниво.

 

- Затоа, на овој ден го честитам не само народното востание, туку и будноста и одлучноста на граѓаните на Република Македонија, да ги живеат современите вредности кои и доликуваат на една модерна, европска демократија. Да останеме свесни за сето она што сме го постигнале досега, за сите жртви кои оваа нација ги има дадено и да работиме, напорно и постојано за да ги зачуваме и да ги развиваме слободата, еднаквоста и демократијата, стои во честитката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.