Македонија одбележува 76 години од антифашистичкото востание и НОВ

11 Октомври

Денеска во Македонија е неработен ден за сите граѓани по повод одбележувањето 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Почетокот на востанието беше означен на 11 Октомври 1941 година, кога борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп.

 

Македонскиот народ се крена против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Активноста на овие партизански одреди е скромна, но претставува иницајална каписла за продолжување на борбата. 11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност.

 

На тој ден им се оддава почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Поради самиот факт дека се работи за голем настан од Македонската историја, низ државата се организираат разни свечености и прослави. Пред ослободителите на Град Скопје, свежо цвеќе положија владини делегации, делегација на Собранието на РМ, делегација на Сојузот на борците како и други делегации на државните институции и дипломатскиот кор.


Во Собранието на Република Македонија беше врачена државната награда "11 Октомври" за 20217 година. Годинашни добитници на наградата за животно дело се музичкиот уметник Влатко Стефановски во областа на културата и уметноста и историчарот, проф. д-р Амет Шериф -во областа на науката и образованието. "11 Октомври" е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Одбор составен од претседател и 12 члена распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. "11 Октомври" првпат е доделена во 1959 годин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.