Асоцијацијата за детски дијабет бара проверка на инсулините

Се бара проверка на инсулините

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија-Баланс МК и други здруженија на дијабетичари бараат од Агенцијата за лекови на РМ итна детална проверка и вонредна инспекциска контрола на квалитетот на набавка, транспорт и складиштење на инсулините, со оглед на, како што велат, зачестената појава на нивна „нефункционалност“ во изминативе три години.


Тие бараат проверка од каде се набавува инсулинот и гаранција дека тој бил соодветно чуван до моментот на преземање од страна на увозниците, но и проверка на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт.

 

Од Агенцијата за лекови се бара и проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период, што, како што се посочува во соопштението од БАЛАНС.МК (пет години според законските прописи и регулативи).


Од БАЛАНС МК бараат итни одговори за овие прашања, кои, како што велат го тангираат здравјето и животот на над 40.000 инсулин зависни граѓани на Република Македонија меѓу кои 450 се ДЕЦА. Секое одлоговлекување, релативизирање и слични видови аргументација, сметаат од БАЛАНС МК ќе бидат повеќе од јасен одговор, по кој ќе бараат морална и кривична одговорност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.