Сончево, температура до 27 степени

Временска прогноза

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 20 до 27 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со температура од четири до 24 степени.


Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Во сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури за овој период од годината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.