Почна дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал

Дистрибуција на изборен материјал

Државната изборна комисија (ДИК) денеска започна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии (ОИК) за локалните избори закажани за во недела.


Потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Реџеп Прекопуца кој изутринава ја посети печатницата „Полиестердеј“ во Визбегово од каде што се распределува доверливиот изборен материјал, изјави дека дистрибуцијата се одвива според планираното и досега процесот тече како што треба.


- Претходно до сите општински изборни комисии (ОИШ) го распределивме и недоверливиот гласачки материјал. Тука сме заедно со сопственикот на претпријатието кое по првпат ги испечати гласачките ливчиња и можам да кажам дека ние сме задоволни, изјави Прекопуца.


Сопственикот на печатница „Полијестердеј“ Филип Спасовски рече дека печатењето на изборниот материјал претставувал интересен проект во кој биле вклучени сите 170 вработени во компанијата. Тој се заблагодари на ДИК за укажаната доверба.


Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО ( избирачките одбори).


Шестите локални избори во Македонија  ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот.


Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.