Втор Меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров"

„Богородичен покров"

Со филмот „Семејството на Ники“, добитник на голем број интернационални награди, в сабота напладне во Македонскиот народен театар ќе биде отворен вториот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“. 


Проекциите викендов (14-ти и 15 октомври) ќе бидат во МНТ,  а од 16-ти до 18 октомври во Кинотека на Македонија.


Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври со Детска филмска академија, во присуство на околу 500 деца од основните училишта. 


Фестивалот се одржува под покровителство на Агенцијата за филм и е со благослов на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и г.г. Стефан. Организатор е ТВ и филмска продукција Top World од Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.