Во август евдентирани над 90 илјади странски туристи, најмногу од Турција

Зголемен бројот на странски туристи

Над 90 илјади странски туристи ја посетиле Македонија во текот на август годинава. Најбројни, 21.093 биле од Турција, потоа 5.926 од Полска, 4.316 од Романија, 3.739 од Грција, 3470 од Бугарија и 3.257 од Германија.


Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на туристите во август 2017 година изнесува 188.758, а бројот на ноќевањата изнесува 766 844. 


Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20,4 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,4 отсто.


Бројот на домашните туристи во август 2017 година изнесува 98.289 и во однос на август 2016 година, е зголемен за 3,4 отсто, а бројот на странските туристи изнесува 90.469 и е зголемен за 46,5 отсто.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41,9 отсто. 


Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 отсто, а кај странските има зголемување за 22,7 отсто. 


Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,3 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,4 отсто, а кај странските има зголемување за 22,6  отсто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.