МАНУ организира свечен собир посветен на Блаже Конески

50 години МАНУ

Во рамки на одбележувањето 50 години од основањето, Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе организира свечен собир посветен на нејзиниот прв претседател и еден од нејзините основоположници -  академик Блаже Конески.


Собирот ќе го отвори претседателот на Академијата Таки Фити, а обраќања ќе имаат и академиците Зузана Тополињска, Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Георги Старделов и професорите од универзитетите во Торонто и Чикаго - Кристина Крамер и Виктор Фридман, кои се надворешни членови на МАНУ.


Првиот претседател на МАМУ, академик Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 - Скопје, 7 декември 1993), е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.