Сончево со умерен ветер и температура до 27 степени

Временска прогноза

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.


Како што соопшти УХМР, утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени.


Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 25 степени.


Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Исклучок ќе има вo сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.