Во Скопје се одржа обука за работа со деца и млади во социјален ризик

ХОПС

На меѓународната обука за работа со деца и млади во ризик, поддржана од ЕУ, што во изминативе три дена се одржува во Скопје во организација на Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје заедно со партнерски организации од регионот и од Европа, беше посочено дека институциите во Македонија и во регионот немаат адекватни податоци за младите во ризик.

 

Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје заедно со партнерски организации од регионот и од Европа, здружени во Мрежа за зајакнување на деца и млади во ризик, спроведуваат обука за состојбата и политиките поврзани со деца и млади во социјален ризик во Македонија и на Балканот. Обуката за работа со деца и млади во социјален ризик е поддржана од ЕУ. Наменета е за експерти и практичари од државни институции и граѓански организации од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои се посветени на заштита на правата и обезбедување на услуги за поддршка на деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, кои доаѓаат од семејства кои употребуваат дроги или се во конфликт со законите, кои живеат на улица, се без родителска грижа, како и деца и млади Роми.

 

На денешната обука беше посочено дека институциите во Македонија и регионот немаат адекватни податоци за младите во ризик, а Ивица Цековски од Здружениеот ХОПС посочи дека тие до крајот на 2016 контактирале околу 85 млади корисници на дрога, и дека скоја година контактираат нови 30 лица.


Социјалниот работник во Службата за заштита на деца во Центарот за социјална работа на град Скопје, Тамара Мартиновска посочи дека децата во установата во која работи најчесто се евидентираат по други ризици, а во текот на понатамошната работа се констатира дека користат дроги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.