ДИК ги разгледува приговорите за првиот круг од локалните избори

ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) ја одржува седницата на која одлучува по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори. Поднесени беа 46 приговори, од кои 43 од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата опозициската партија повлече три од приговорите што се однесуваат на гласањето и сумирањето на резултати во Скопје и Прилеп. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.


ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговори за гласањето во Ѓорче Петров, Аеродром, Центар, Чаир, Сарај, Кисела Вода, Шуто Оризари, Гази Баба, Кривогаштани, Карпош, Прилеп, Радовиш и Струга. ТМРО за гласањето во Град Скопје, Алијанса за Албанците за Гостивар и Левица за гласањето во Куманово.


Приговори за изборите за градоначалник има за Град Скопје, за Центар, за Сарај, за Струга, за Радовиш и за Кривогашатани. За гласањето за листите за советници приговори има за Град Скопје, Центар, Гостивар, Струга, Радовиш, Прилеп, Куманово и Кривогаштани.


Остри дискусии се одвиваа помеѓу членовоите на ДИК за вториот приговор од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на гласачкото место 2806/1, во скопската општина Центар, каде според партијата, гласањето терба да се поништи затоа што во кутија биле најдени 352 ливчиња, а во избирачкиот список има 351 потпис. Членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, тврдеа дека станува збор за нерегуларност и дека гласањето мора да се поништи, додека членовите на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, сметаа дека станува збор за ситен пропуст кој не влијае на регуларноста.


ДИК сепак гласаше да се донесат на увид изборни материјали од избирачкото место во Центар за да се изјасни по однос на приговорот што се однесува на тоа место.


Сооглед на бројот на поднесени приговори над 40 се очекува денешната седница на ДИК да потрае, а крајниот рок до кој комисијата ќе треба да се произнесе е вечер до 12 часот на полноќ. Засега приговорите на Алијанската на Албанците, ТМРО и Левица остануваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.