Кампања „Јас внимавам" со ракометарот Стојанче Стоилов

„Јас внимавам"

Ракометарот и репрезентативец Стојанче Стоилов денеска се вклучи во кампањата „Јас внимавам“ чија цел е подигнување на свеста за потребата од поголема безбедност во сообраќајот. 


Кампањата ја почна компанијата ОКТА во март годинава во соработка со Министерството за внатрешни работи. Овој месец активностите се насочени на темата „Се грижам за безбедноста на пешаците во сообраќајот“.


Стоилов оцени дека кампањата има за цел зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот, при што нагласи дека се труди да биде совесен возач и пример за младите.


Што се однесува на безбедноста на сообраќајот во Скопје, Стоилов упати апел до сите учесници да внимаваат на обележаната сигнализација, но им порача и на градските власти да обезбедат велосипедски патеки.


Во рамки на националната кампања „Јас внимавам“ и овој пат беа наградувани совесните возачи кои ги пропуштаа пешаците безбедно да преминуваат улица на обележан пешачки премин. Возачите добија вредносни ваучери за гориво од компанијата ОКТА.


Кампањата исто така вклучува едукативни сообраќајни полигони кои се донираат во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, изведување театарска претстава на тема „Безбедност во сообраќајот“, како и едукација преку боенки со основните сообраќајни правила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.