Македонија по 9-ти пат го прославува Денот на македонската револуционерна борба

Ден на македонската револуционерна борба

Македонија по 9-ти пат го прославува Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври. Со новиот Закон за државни празници, овој ден беше прогласен за државен празник.

 

Денот на македонската револуционерна борба се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун на 23 октомври 1893 година. Тогаш во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов се собрале шест малди мажи да ги постават темелите на зачетокот на револуционерната борба за слободна Македонија.

 

Основоположници биле Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Овие малди луѓе основале конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела со сопствени сили за ослободување на Македонија без помош однадвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден во 1903 година и Крушевската република, а потоа и преку Народноослободителната војна, резултира со создавање на современа и самостојна македонска држава. Денешниот ден се поврзува со организираната борба на македонскиот народ, без разлика на тоа на која националност припаѓаат, да формираат своја независна држава.

 

23 октомври го симболизира континуитетот на македонската борба за независност, кој резултира со создавањето на 8-ми септември 1991 година, современа и независна македонска држава. Во чест на овој ден, низ цела Македонија се случуваат низа свечености, концерти и спортски натпревари. Поради историската важност на овој ден, се доделува и наградата 23 Октомври. Таа е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, обрзаованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, како и вредности и културно-историското наследство на Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.