Сончево, со магла по котлините и температура до 15 степени

Временска прогноза

Сончево со умерена облачност е времето во поголемиот дел од земјава. По котлините е студено со слаба магла и ниска облачност. Во западните делови е умерено до значително облачно со локален дожд во планинските предели. Дува слаб ветер од јужен правец, особено на повисоките места и планините. Врнежи има во Лазарополе.


Според измерените температури најстудено било во Берово и Скопје - Петровец со минус четири, минус три во Струмица, минус два Тетово, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија, минус еден  Виница, нула во Крива Паланка, Штип и Битола, еден во Куманово, два во Крушево, Ѓуриште, Дојран и Прилеп, три во Пожаране, четири во Маврово и Лазарополе, пет во Тополчани,  шест во Претор и Демир Капија, седум во Дебар и осум во Охрид.


Во текот на денот сончево со мала, во западните делови со умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од шест до 15 степени.


Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Највисоката температура ќе достигне до шест степени.


Под влијание на јужно струење во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. Денеска по одделни котлини ќе има појава на магла. Утре облачноста ќе се зголеми, по котлините ќе биде магливо, а врнежи од дожд ќе има во вечерните и ноќните часови кон четврток во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Потоа нов влажен бран се очекува за време на викендот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.