Хуманитарен настан за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби

Хуманитарен настан за лица со посебни потреби

Хуманитарен настан на кој беа изложени слики изработени од децата од Дневните центри од осум општини, во организација на Црвениот крст на Град Скопје се одржа денеска во Македонскиот народен театар. Средствата собрани од продажбата на сликите ќе бидат наменети за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби.

 

Во Организација на Црвениот крст на Град Скопје денеска во МНТ се одржа хуманитарен настан за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби. На настанот денеска беа изложени 80 слики изработени од децата од Дневните центри од Дебар, Делчево, Кичево, Велес, Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Скопје кои се подготвени со поддршка на ликовни уметници во рамки на работилници организирани изминатите два месеци. Проектните активности во Дневните центри на Црвениот крст се имплементираат, со цел подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби и социјална инклузија на лицата со посебни потреби.


Средствата кои ќе бидат собрани од овој базар ќе бидат наменети за поддршка на проектните активности со цел да се подобри квалитетот на животот на децата со посебни потреби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.