Промовирана бесплатна апликација „Карта на растот“

„Карта на растот“

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања Раст денеска ја промовираше мобилната апликација за следење на растот на децата „ Карта на растот“.

 

Како што информираше денеска претседателот на здружението, Александар Петровски, апликацијата денеска е достапна на фејсбук страната на здружението, а од утре истата, комплетно бесплата ќе биде достапна и на плејстор. Апликацијата ќе овозможи поголема информираност на родителите чии деца се соочуваат со низок раст, но истата не смее да ги замени редовните прегледи кај ендокринолог, потенцира Петровски.

 

Покрај промоцијата на бесплатната апликација Карта на растот, претседателот на здруженеито Раст, Александар Петровски напомена дека донирани се 16 подвижни висинометри, мерни постери за самопроверка на висината во сите здравствени домови во Македонија, како и водич за нарушување на растот, за родители и старатели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.