Клиниките за кардиологија, очна и стоматологија добија нови директори

Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство за МИА информира дека се именувани в.д. директори на универзитетските клиники за кардиологија, очни болести и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје.


Во Универзитетска клиника за кардиологија за в.д медицински директор е назначен д-р Жан Зимбаков, на местото на д-р Беким Поцеста, кој е разрешен од оваа функција. Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор е именуван д-р Христиан Дума, на местото на д-р Беким Татеши.


За в.д медицински директор на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје, е назначена д-р Амела Цана, на местото на д-р Агим Караи.
Новите назначувања се после доставените оставки од директори од Алијансата за Албанците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.