Со пари од ЕБОР ќе се зголемува бројот на соларни и ветерни електрани

ЕБОР

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија, пред се во делот на соларните и ветерните електрани.


- Станува збор за изработка на комплетна стратегија  за зголемување на инсталираната моќ од фотоволтаични (соларни) електроцентрали во Македонија која сега изнесува само 16,8 мегавати што е жалосно за земја која изобилува со сонце. Владата со техничката помош од ЕБОР ќе биде посветена во наредниот период да се направат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 200 мегавати и при тоа да се смисли стратегија како тоа значително да не влијае на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната прес-конференцијаво Владата.


Тој посочи дека за таа намена ќе биде применет механизмот на премиум тарифи во делот на фотоволтаичните и ветерните електрани, а за изработката на механизмот ќе се користат средствата од техничката помош од ЕБОР.


- Врз база на веќе направената Студија за стабилност на електроенергетскиот систем во Македонија од МЕПСО амбиција е да бидат инсталирани сите 150 мегавати ветерни електрани со кои, според студијата, нашиот систем ќе биде стабилен. До денеска се изградени  само 35 мегавати во ветерниот парк Богданци, рече Анѓушев.


Нагласи дека се очекува ЕБОР да ги финансира проектите на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаична електрана од 10 мегавати во исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, каде на таков начин ќе се рекултивира земјиштето, како и проширувањето на ветерниот пак Богданци за 15 мегавати за кои веќе има градежна дозвола и за допонителни 15 мегавати.


Директорката на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе посочи дека финансиската поддршка е обезбедена од специјалниот фонд на акционерите на ЕБОР за техничка помош за ОИЕ.


- Со овие средства ќе се помогне во воведување на аукциски систем и подготвување на конкурентна тендреска документација за новиот тендер за соларни и ветерни електрани, рече РУЕ. 


Посочи дека за таа намена  ЕБОР минатата недела објави известување и покана за изразување на интерес со цел да се ангажира консултант кој ќе и обезбеди сеопфатна поддршка на Владата.


- Техничката поддршка ќе се фокусира на подготвување на секундарната легислатива и регулаторните правила што се неопходни да се спроведе компетитивна тендерска постапка во согласност со новиот закон за енергетика. Консултатантот ќе обезбеди и поддршка за властите за да се изготви тендерската постапка за соларните и ветерните електрани, рече Руе и додаде дека во подготовка се и други програми за помош на земјава. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.