Суспендиран водичот кој ја водеше групата планинари кога загинаа Калина и Александар

Калина и Александар

Федерацијата на планинарски спортови го суспендираше водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе кога двајца македонски планинари загинаа.


Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат од Федерацијата на планинарски спортови. 


Во извештајот и анализата за искачувањето на Кајмакчалан се наведува дека кон врвот тргнале 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови може да биде прекинато искачувањето во било кој момент.


На половина пат кон врвот, 23 планинари се откажале од понатамошното искачување и се вратиле во ски центарот. Кон врвот продолжила колона од 40 планинари, а на отприлика 600 м од врвот, колоната се поделува на две групи односно 22 планинари предводени од Костадинов биле први, а останатите од групата предводени од Калина Велевска ги следеле на околу 100 -150 метри растојание.


Во 11:15 часот првата група била на врвот и во 11:20 часот тргнала назад. Во 11.30 часот се сретнале со групата која се качувала кога е дадена наредба од Костадинов да се прекине искачувањето поради влошените временски услови. Во 11:35 часот двете групи почнале заеднички да се симнуваат кон ски центарот освен седум планинари кои се одвоиле од групата и самоиницијативно продолжиле кон врвот и стигнале до маузолејот. 


- Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо. Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца

планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува, се упатува надолу кон центарот. Во 13 часот, групата која што пребарува, пристигнува во ски центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот, се вели во извештајот.


Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.