Сончево со мала доумерена облачност

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините.

 

Утринската температура ќе се движи од минус два до нулата, а дневната од осум до 16 степени.

 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

 

Утринската темепратура ќе достигне до минус четири степени, а дневната до девет степени.

 

Во недела ќе има зголемување на облачноста, преку ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег. Од понеделник следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.