Менче Атанасова Точи ја освои наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2017

Менче Атанасова Точи

Новинарката од Нова ТВ, Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година што денеска ја доделуваше Македонскиот институт за медиуми.


Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, објавени на Нова ТВ со кој се откри фалсификувањето на лековите и сериозни злоупотреби на власта во насока на манипулирање на граѓаните и манипулација на цената на лековите.


Втората награда „Никола Младенов 2017“ за најдобра истражувачка сторија ја доби тимот новинари на БИРН објавени за истражувачката сторија „Странските инвестиции под лупа“ објавени на Призма.


Третата награда ја добија Петар Клинчарски за сторијата „Илјада преводи“ и Лиридона Вејсели за сторијата „Каде е штабот на џихадистите“.


Серијата на Клинчарски беше објавена во емисијата 360 степени на Алсат М, а таа на Вејсели на интернет порталот Журнал. 


МИМ пофалница и додели на Славица Филиповска за сторијата „Колку време ни треба да го уништиме најстарото езеро во Европа“ исто така објавена на 360 степени на Алсат.


На годинешниот конкурс се пријавиле 38 автори од вкупно 60 стории обработени во 154 текстови - прилози објавени на интернет портали, телевизии, дневни весници и во неделници.


Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува традиционално по 17 пат, како дел од заложбите на МИМ, унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.