Премиера на филмот ,,Бикини Мун,, на Милчо Манчевски во кино Милениум

Премиера на ,,Бикини Мун,, во Милениум

На 22-ри март, четврток во кино Милениум од 20:00 часот премиерно ќе биде прикажан првиот долгометражен филм на Милчо Манчевски ,,Бикини Мун,,. "Филмот е американско-германската копродукција, за кој Манчевски вели дека е современа трагедија.

 

Македонската премиера на петтиот игран филм на Милчо Манчевски, но прв долгометражен американски филм"Бикини Мун" ќе се случи на 22 март во кино Милениум од 20 часот, а потоа ќе продолжи да се прикажува на редовниот репертоар на киното секој ден во термини од 20:00 и 22:00 часот. "Бикини Мун" е американско-германската копродукција, модерна мрачна бајка која говори за искршениот идеал на модерното семејство, но и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и се присутните социјални мрежи. Структуриран е како филм во филм, во кој филмската стварност е двојно контролирана или двојно манипулирана. Милчо Манчевски на денешната прес конференција по повод премиерата на филмот истакна дека филмот е совемена трагедија и даде кус опис на филмот.


Мишо Ристов, дизајнер на визуелни ефекти, рече дека не е лесно да се работи со Мначевски, многу бара, но знае што сака и на крајот излегува одличен резултат.


Филмот е во целост сниман на локации во Њујорк. Светската премиера на филмот беше на фестивалот во Сао Пауло, Бразил, а американската на Синеквест фестивал во Калифорнија. Бикини Мун ќе биде прикажан и на фестивалите во Сарасота во Флорида, во Истанбул, на Филмскиот фестивал Менхетен во Њујорк, во Франкфурт и Нешвил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.