Млади иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар во Детроит

Млади иноватори на натпревар во Детроит

Ученици иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар што ќе се одржи во Детроит, САД.


Тие ќе го презентираат своето иновативно решение - робот што извршува задачи од областа на хидродинамиката. Роботот во облик на коцка е составен од лего коцки и содржи четири мотори и три сензори. 


Учениците и нивните ментори се надеваат на успех и велат дека следната нивна цел е ова натпреварување да го донесат во Македонија. 


Авионските карти за патување до Детроит се обезбедени со финаниски средства од Фондот за иновации и технолошки развој, а од Владата најавуваат дека ќе продолжи поддршката за сите млади креативци и иноватори.


- Младите иноватори покажуваат на дело дека во Македонија може да дизајнираат и создаваат големи дела. Ги повикувам сите млади да создаваат и креираат во нашата Македонија. Притоа, се обврзувам дека Владата ќе продолжи да ја интензивира поддршката за иновации, информатичка технологија, развој и дигитализација на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев, кој денеска се сретна со тимот ученици и нивните метори.


Од Фондот за иновации и технолошки развој веќе работат на посебна програма за грантови за млади истражувачи со кој се очекуваат 15-20 нови проекти.


- Сите млади луѓе во оваа држава треба да ги препознаат можностите што ги нуди Владата и Фондот за да останат и да ги развиваат своите креативни, критички и иновативни потенцијали. Ние ќе го финансираме тоа и сега, а уште повеќе во наредниот период, затоа што сметаме дека креатививниот потенцијал и критичкото размислување е она што треба да ги движи државата и економијата напред, рече директорот на Фондот, Јован Деспотовски.  


Младите иноватори од Кочани претходно го имаат освоено првото место на натпревар во Србија со што се пласирале и на АДРИА лигата во Словенија каде исто така биле наградени. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.