Зголемен водостојот на Вардар во однос на вчерашниот ден

Зголемен водостојот на Вардар

Зголемен е водостојот на реката Вардар во однос на вчерашниот ден и во споредба со просекот за мај.


Најновите хидролошки мерења покажуваат дека кај Јегуновце во споредба со вчера нивото на Вардар е зголемено за 46 сантиметри, кај Зајчев Рид за 16 сантиметри и кај Велес за 19 сантиметри. 


Над просекот за мај зголемени се и водостоите на Вардар кај Демир Капија, на Пчиња кај Катлановска Бања, а пониски се нивоата на Треска, Крива Река, Брегалница, Црна Река и Сатеска.


Кај езерата нема промени во споредба со вчерашниот ден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.