Четврт век СОС линија за помош на деца и млади

СОС линија за помош

СОС линијата за помош на деца и млади 0800 12222 на Првата детска амбасада „Меѓаши“ слави четврт век од постоењето. Во овие 25 години, велат од „Меѓаши“, преку линијата добиле помош над 20.635 деца и млади и други возрасни лица кои побарале помош и поддршка за постапување во насока на најдобриот интерес на децата.


Во работата на СОС-телефонот, прецизираат, е вклучен мултидисциплинарен тим составен од психолози, социјални работници, педагози, новинари и адвокати, како и различни возрасни категории волонтери.


- Постојано преку СОС-службата и медиумите ги информираме децата за нивните права, ги едуцираме за начините како да побараат помош и кога тоа да го направат и на разни начини преку работилници, обуки и проекти допираме до свеста на родителите и ја потикнуваме храброста на децата да побараат помош кога им се загрозени или нарушени нивните права, велат од Меѓаши.


Во досегашната работа на СОС-телефонот за деца и за млади, Првата детска амбасада воспостави соработка и размени искуства со СОС-телефоните од Белград и од Ниш, со СОС-телефоните од Швајцарија, Белгија, Германија, Холандија и со СОС-телефонот за жени и деца-жртви на насилство од Скопје, како и со СОС-службата за деца и за млади од Франкфурт.


Од „Меѓаши“ посочуваат дека се соочуваат со проблеми во функционирањето на СОС линијата за помош, поради многу честите технички проблеми и прекини на бројот за кои, како што велат, треба да се грижат Македонски телекомунинкации.


- Она што дополнително го отежнува функционирањето на СОС линијата за помош на деца и млади е тоа што и покрај напорите „Меѓаши“ не успеа од државните институции, општетсвено одговорните организации и заедницата да добие можност Македонскиот СОС број 0800 12222 да се усогласи со Меѓународниот број 116 111, потенцираат од Првата детска амбасади и додаваат дека и понатаму секогаш ќе бидат на страната на барбата за остварување на правата на децата и младите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.