Таки Фити: Македонскиот јазик е дел од идентитетот и мора да се почитува

Таки Фити

Македонскиот јазик e  одамна кодифициран, постои, тој не може да исчезне, тоа е вековна традиција. Во тој контекст посебно битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет особено ова што го зборуваме ние, научна обработка и разработка и негово проучување, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници. 


Ова денеска го истакна претседателот на Македониската академија на науките и уметностите Таки Фити пред почетокот на Меѓународната научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“. 


Што се однесува со проблемот со името, Фити посочи дека македонскиот јазик мора да биде евидентиран онака како што е евидентиран и во Обединетите нации „Macedonian“.


- Неможеме ние да прифатиме, и тоа е став на МАНУ, кога се зборува за јазикот на земјата да се пишува на латиница и да се изговара онака како што ние го изговараме македонски. Тој мора во ОН да биде формулиран како „Macedonian language“. Тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и тука нашите сугестии до Владата се апсолутно јасни и цврсти, додаде Фити.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.