Матурска парада 2018 - најубавата претстава под отворено небо

Матурска парада 2018

Во исто време, на иста  музика, младите од Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора, ќе танцуваат, одбележувајќио го празникот на младоста, матурирањето. Матурсата парада оваа година ќе се одржи на 18 мај.

 

Годинешната матурска парада ќе се одржи на 18 мај, точно напладне, во Скопје на плоштадот Македонија.


Покрај во Скопје, матурската парада ќе се одржи и во Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и Куманово.


Оваа година покрај Македонија во проектот ќе учествуваат матуранти од 62 градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора, а очекувањата се дека на настанот ќе учествуваат над 30 илјади матуранти, од кои 1.100 матуранти од Скопје.


Организатор и носител на заштитната маска на Република Македонија е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, која манифестацијата ја организира во соработка со Танцовиот спортски клуб Ритам плус. 


Пред почетокот на парадата, традиционално матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство.

 

Од Дирекцијата наведоа дека ќе се каже „клетвата за ненасилство“ од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува матурската парада. 


- На тој начин не само што во исто време, на иста  музика, во различни градови, младите танцуваат, туку тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на Европа ја испраќаат пораката за ненасилство и толеранција, соопштија од Дирекцијата. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.