All for Joomla All for Webmasters

Владата најавува ревитализација на музичката продукција на МРТ

МРТ

Информација  за потребата од ревитализирање и рестартирање на музичката продукција на Македонската радиотелевизија (МРТВ) е усвоена на вчерашната седница на Владата. 


- Целта е македонската музичка продукција да зајакне и да го има сјајот од минатото, а не како во изминатите 10 години преку субвенции да продуцираме неквалитет, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.


За подготовка на решението за музичката продукција на МРТ ќе биде ангажирана работна група од Кабинетот на Претседателот на Владата, министерствата за култура, за финансии, за информатичко општество и администрација, МРТ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.


- Оваа работна група е задолжена во рок од 30 дена по нејзиното формирање да подготви анализа на финансиските импликации и актите на МРТ и до Владата да достави  информација за анализата со кои институциите ќе треба понатаму да постапат и практично да се спроведе процесот на ревитализација на музичката продукција на  МРТ, рече Бошњаковски.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.