All for Joomla All for Webmasters

Финале за повикот „Предизвик за млади истражувачи"

„Предизвик за млади истражувачи"

Финале за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, ќе се одржи денеска и утре, во организација на  Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерство за образование и наука


Учениците од основните и средните училишта во Македонија кои го поминаа процесот на предселекција ќе имаат можност за јавна презентација на истражувачките проекти од областа на природните и техничките науки.

 

Седумчлена комисија од стручни лица од различни релевантни институции во областа на образованието беше вклучена во целиот процес и ќе избира по однос на усните презентации.


Комисијата е составена од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Министерство за образование и наука,Факултет за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршки факултет, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија – Наука за млади и Бирото за развој на образование при МОН.

 

На првиот ден од финалето е најавено обраќање на Јован Деспотовски, директор на ФИТР и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

 

Повикот „Предизвик за млади истражувачи“ беше отворен на 31 ноември минатата година и траеше до 15 февруари годинава. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.