Паметните телефони, причина за задоцнет говор кај децата

Задоцнет говор кај децата

Брзото темпо на живот, во комбинација со модерната технологија, честопати знаат да предизвикаат несакани ефекти во секојдневното функционирање. Паметните телефони, компјутерите и таблетите се почесто се замена за играчките на децата, уште од нивна најмала воздраст, што пак неретко значи намалена говорна функција кај децата, проблем кој се провлекува и по третиот роденден.


Дефектологот Ана Петреска од Интеракција Плус вели дека се поголем е бројот на деца кои имаат многу мал фонд на зборови дури и по третата година од животот, што според неа е последица на се пореткото читање сликовници и раскажување приказни, за сметка на цртаните филмови кои не придонесуваат за развој на говорните функции кај децата.


Ги прашавме и граѓаните што мислат за користењето на паметни телефони уште од најмала воздраст, и се уверивме дека се запознати со негативните последици од употребата на истите, но сепак, им дозволуваат и на нивните деца и внуци да ги користат, со цел да завршат некоја домашна обврска.

 

Фондот на зборови кои децата треба да го имаат развиено во периодот од втората до третата година е најмалку 50, но не сметајќи ги зборовите мама, тато, и најблиските челнови на семејството.


Еден од најдобрите и најпрепорачливи методи е посета на детска градинка, каде што има можност за постојана социјална интеракција со врсници.


За да се потврди дали детето има проблем во изучувањето на говорот, Петреска вели дека потребно е да се посети дефектолог, при што ќе се направи контролен преглед, и ќе се дадат упатства за понатамошен третман, доколку е потребен.


Здружението Интеракција Плус до 5ти јуни овозможува бесплатни логопедски прегледи за сите деца.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.