Државна изложба на ликовни творби од основците во Македонија

Изложба на основците во Македонија

Центарот за култура-Битола денеска по 43-ти пат ќе ја отвори пред јавноста државната изложба со ликовни творби кои ги изработуваат децата од основните училишта во Република Македонија, на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.


Станува збор за културен настан кој секоја година е во исчекување од младите ликовни творци од Македонија кои на собирот во Битола презентираат дел од својата детска фантазија поттикната од бескрајните бисерни низи на народната култура, кои се китени со векови од безброј знаени и незнаени неимари, со што се создава нов уметнички свет во кој живеат прегрнати минатото и иднината, изјави за МИА, Валентин Соклевски, претставник на организаторот, НУ Центар за култура-Битола.


- Најновото издание на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е искрата која и оваа година ја поведе новата генерација млади творци на инспиративна прошетка низ културнотото наследство.Народните везови, носиите, накитот, занаетите, градбите, обичаите, ората, песните, како и останатите безбројни материјални и духовни вредности повторно предизвикаа нови уметнички блесоци. Благодарение на вредните детски творци како и нивните ликовни педагози и наставници од основните училишта ширум Република Македонија, во рамките на овогодишната детска ликовна изложба ќе бидат експонирани 50 колекции со 503 ликовни творби, истакна Соклевски.


Стручна жири-комисијата додели две специјални награди, 10 рамноправни награди за најдобра колекција, како и 33 поединечни награди за најуспешни ликовни творби на изложбата, кои денес напладне ќе бидат доделени во НУ Центар за култура-Битола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.