Национален натпревар на ученички компании

Натпревар на ученички компании

Национален натпревар на 11 ученички компании од десет средни училишта од Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, со учество  на 55 средношколци и нивните ментори наставници од Битола, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Скопје, Валандово и Велес.


Најдобрата ученичка компанија ќе учествува на Европското финале на најдобри ученички компании.


Оваа година домаќин на Европското финале е Џуниор Аџивмент Србија, каде од 16 до19 јули, во Белград, ќе се одржи натпреварот на финалистите од 36 земји членки на Џуниор Ачивмент мрежата.


Натпреварот финансиски е подржан од Американската агенција за меѓународен развој, а се реализира од организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, основана 1919. Главната цел на натпреварот е средношколците кои беа дел од образовната програма да го покажат своето искуство во менаџирање на ученичка компанија, стекнатото знаење и претприемнички вештини.


Ученичка компанија е образовна програма која се спроведува како вон наставна активност во средните училишта. Таа им овозможува на учениците да бидат вклучени во развојот и менаџирањето на сопствените компании, со вистински производи и услуги и да управуваат со заработката од пари за време на средното образование.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.