Дескоска: Реформите во образованието ќе ги продолжи новиот министер

Рената Дескоска

Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. 


Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање за нејзино евентуално преземање во Министерството за правда.


- Јас не се откажувам од реформите бидејќи тоа се реформи на Владата. Не се лично мои или на било кој поединец. Како Влада ќе стоиме сите заедно и ќе даваме поддршка на реформите во сите области, вклучувајќи го и образованието, рече Дескоска по промоцијата на Стратегијата за образование 2018-2025 во Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. 


Прашана како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда, Дескоска рече „мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.