Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спроот за името, пренесува МИА.


– Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме, изјави Столтенберг во интервју за француската телевизија „Франс 24“.


На прашањето дали има временска рамка за членството на Македонија, првиот човек на НАТО вели дека тоа зависи од финализирањето на договорот во Скопје.


- Но, јас се надевам дека ќе можеме да почнеме преговорите за членство, односно да донесеме одлука за нивен почеток на самитот на НАТО во јули, ако се се одвива според планираното околу ратификацијата и референдумот кој ќе се одржи подоцна оваа година, изјави Јенс Столтенберг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.