All for Joomla All for Webmasters

Шекеринска: Историски ден за Македонија

 Македонија денеска го поправа тоа што го пропушти пред десет години, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред стартот на Самитот на НАТО во Брисел.

- Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година. Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија, рече Шекеринска пред новинарите во Брисел.

Како што јави дописничката на МИА, Шекеринска посочи дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО.

- Денеска сите ја искористија можноста да и честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО, рече министерката Шекеринска.

Таа е уверена и дека референдумот во Македонија ќе биде успешен. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.