Денеска сончево и топло до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 28 до 36 степени.  УВ-индексот ќе изнесува 9.

 

Во Скопје слично време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

 

Во петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.