УХМР за утре најави нестабилно време

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, најпрво во западните делови. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

 

Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд, особено во западните и јужните делови од државата. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 34 степени. 

Со Скопје слично време, со температура од 17 до 31 степен. 

В среда и четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер. Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.