На лицата со попреченост ќе им помагаат персонализирани асистенти

На лицата со попреченост кои се над 18 години ќе им помагаат персонализирани асистенти во извршувањето на секојдневните лични и домашни активности при посета на образовни институции, во професионална рехабилитација, помош околу лекови, одржување на личната хигиена или поддршка на работното место.

 

92 персонализирани асистенти ја завршија обуката организирана во соработка со Црвениот крст на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија, а денеска им беа доделени сертификатите. Персонализираните асистенти ќе имаат 80 работни часа во текот на месецот, тоа значи дека ќе поминуваат 4 часа во текот на денот во придружба на лицето со попреченост.  Целта на овој пилот проект е да им се овозможи на лицата со попреченост да бидат што поактивни во секојдневниот живот. Програмата се спроведува во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и Скопје а услугата е понудена на сите лица со попреченост кои аплицирале.

Станува збор за целосно нова професија која се воведува во Македонија со која обучените персонални асистенти ќе им овозможат се што им е потребно на лицата со телесна попреченост со цел да бидат поконкурентни на пазарот на труд и ќе им го олеснат нивното секојдневие.

Бранкица Димитровска која е корисник на персонална асистенција вели дека би требало овој проект да се спроведува во целата држава бидејќи таа има пријатели и во другите градови кои се со телесна попреченист и им треба ваква поддршка.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.