Савидис демантира вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби

Преку соопштение, групацијата компании на бизнисменот Савидис, ги демантира натписите во медиумите, отфрла секаква вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби против авторите и медиумите на објавениот текст во кој што се споменува неговото име.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштението од групацијата го објави грчката новинска агенција АНА-МПА, со коментар дека се однесува на текстот објавен во Buzzfeed.

- Јасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема никаква врска или вмешаност со она што се споменува во апсолутно невистинитиот и крајно клеветнички текст. Затоа, веќе во следните часови и искористувајќи ги сите правни средства што ни се на располагање, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава, пишува во соопштението од групацијата компании во сопственост на Иван Савидис.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.