50 деца успешно ја завршија летната балетска школа на Еуролинк

50 деца успешно ги совладаа балетските техники кои ги изучуваа на летната балетска школа организирана од Еуролинк осигурување, како дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

 

Како што информираат од Еуролинк балетската школа започна на 25 јуни и во текот на три недели, младите учесници  ги изучуваа вештините и основните техники на класичниот балет. Од Еуролинк велат дека низ игра и забава кај децата се буди чувството за одговорност и дисциплина.  Летната балетска школа помина во најдобар ред и со многу забава, а на завршната претстава, малите балеринки презентираа што сѐ научиле во изминатите три недели.

Еуролинк осигурување, заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници им додели сертификат за успешно завршена балетска школа со надеж дека традицијата и љубовта кон балетот нема да завршат тука, туку ќе претставуваат дополнителен мотив во нивната идна професионална определба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.