Регионална конференција за проекти од потпрограмите на „Креативна Европа"

„Важноста на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“ е темата на конференцијата која на 20 јули ќе се одржи на Филмската академија во Охрид. 

Ќе учествуваат претставници на канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора и со нив претставниците на македонскиот аудиовизуелен сектор ќе имаат можност за индивидуални консултации на Академијата, наредниот ден од 12 часот. 

Македонија се приклучи кон потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа во јули 2015 година. Според Канцеларијата Македонија, проектите на македонските апликанти досега се поддржани со вкупно 463.000 евра.

Во салата на Општина Охрид на 20 јули од  11 часот ќе се одржи и „Инфо сесија за Креативна Европа - Потпрограма Култура, Категорија: „Проекти за соработка“. Следниот ден, 21 јули, се предвидени индивидуални консултации за Креативна Европа Култура, кои ќе се одржат на Филмската академија во Охрид од 12 часот.

Инфосесии во изминатите денови беа одржани и во Куманово, Битола, Тетово и Струмица, а активностите во Охрид Канцеларијата на Креативна Европа МЕДИА ќе ги реализира во соработка со првиот Бич фестивал (Beach Film Festival).

По повод одбележување на тригодишнината од учеството во оваа програма, на затворањето на Бич фестивалот организира МЕДИА забава со Фолтин и диџеј Рутбој. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.