All for Joomla All for Webmasters

Се алармира за рестриктивните измени во Изборниот закон за медиумите

Советот на Европа вчера на својата платформа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите објави јавно предупредување за измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои можат да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите во Македонија.

Во предупредувањето, како што соопшти ЗНМ, стои дека македонската држава е изворот на ваквото загрозување на слободата на медиумите.

Ова предупредување следи по барање на ЗНМ до платформата на СЕ, која во нејзината реакција се повикува на заедничкото соопштение на ЗНМ, Независниот синдикат на новинари и Советот за етика.

- Измените на Изборниот законик беа усвоени на 25 јули 2018 година од страна на македонскиот Парламент во брза постапка, како резултат на политичкиот договор меѓу водачите на четирите главни политички партии. Еден од амандманите на Изборниот законик ја овластува Државната изборна комисија да ги регистрира и следи известувањето на онлајн медиумите за време на изборите. Покрај тоа, членот 181а од законот предвидува казни до 4.000 евра за традиционалните и онлајн медиумите за „неизбалансирано или непристрасно известување”, стои во предупредувањето на платформата на СЕ.

Предупредувањето е упатено до Собранието на Македонија, кој во наредниот период има обврска да ги објасни овие измени кои што ја ограничуваат слободата на медиумите. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.