Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Октомври 2018
Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на
18. Д
енови на мед во Куманово.
Манифестацијата се одржува на
градскиот плоштад, а
ја организира здружението „Пчела“ - Куманово.
Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.
-
одинава производството е нешто послабо од лани поради климатските услови во екот на пчелната паша.
Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари, изјави Ристовски.
Рече дека г
Пчеларите што учествуваат на манифестацијата истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.
Во Куманово има околу 150 пчелари, а во здружението членови се скоро 60.
Манифестацијата ќе трае три дена, а на денепното отворање присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, како и пчелари и претседатели на пчеларски здруженија од Србија и Бугарија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс