И покрај оставката, Коѕијас е радосен по вчерашното гласање

Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради вчерашниот позитивен резултат од гласањето во македонското Собрание.

И покрај оставката и заминувањето на Никос Коѕијас од позицијата шеф на грчката дипломатија, и тој и Ципрас рекоа дека се среќни, иако тоа е оксиморон, како што истакнаа и двајцата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во присуство на дипломати, на замениците министри за надворешни работи и во присуство на голем број странски и грчки новинарски екипи, во грчкото МНР на свеченоста за примопредавање на функцијата министер за надворешни работи, Алексис Ципрас и официјално го наследи Никос Коѕијас на позицијата шеф на грчката дипломатија.

sdr

И двајцата во нивните опширни обраќања се задржаа на грчката надворешна политика, но и на прашањето за името и Договорот од Преспа.

– Јас сум најсреќниот министер во оставка, им рече Коѕијас на новинарските екипи, пристигнувајќи во грчкото МНР кусо пред средбата со Ципрас.

Грчкиот премиер пак, во објектот на Министерството за надворешни работи на Грција пристигна од претседателската палата каде што положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на државата, Прокопис Павлопулос.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.